Diamond International Dance Competition, сцената каде нашите танчери блескаат пред светот.
Како круна на десетгодишното постоење на Dancers United, го создадовме Diamond International Dance Competition, меѓународен натпревар во Скопје кој ја претставува Македонија на светската танцова сцена.
Првото издание се одржа во 2024 година и беше повеќе од натпревар: беше прослава на танцот, трудот и заедницата што ја градиме една деценија. Настанот се одржа под покровителство на WADF (World Art Dance Federation) и Националниот сојуз за танц.
Под покровителство на WADF и Националниот сојуз за танц.
Од најмладите почетници до натпреварувачи од светски ранг.
Домашна сцена што привлекува танчери и жири од целиот свет.
Следи нè за датуми, категории и пријавување за следното издание.
Следи на Instagram →